Antimetil® за време на патување

Antimetil® во текот на бременоста

Како се користи Antimetil®

Често поставувани прашања

Што е Antimetil®?

Antimetil® е идеално решение за „лесен“ стомак.

Antimetil® содржи природен екстракт од ѓумбир. Помага во намалување на гадењето и повраќањето, а посебен ефект има за одржување на „лесен“ стомак за време на патување и бременост.

Antimetil® таблетите содржат 50 мг стандардизиран сув екстракт од ѓумбир, што одговара на 500 мг ѓумбир во прав.
Antimetil® пастилите содржат 25 мг стандардизиран сув екстракт од ѓумбир, што одговара на 250 мг ѓумбир во прав.
Сувиот екстракт од ѓумбир кој го има во Антиметил е 10 пати поконцентриран од традиционалниот ѓумбир во прав.

Antimetil® навистина дејствува!

Користењето на препарати на растителна основа е наше минато, сегашност и иднина.

Ѓумбирот е повеќе од обичен зачин

Природно решение за „лесен“ стомак!

Antimetil® содржи ѓумбир

Ѓумбирот е повеќе од кулинарски додаток. Има бројни студии кои покажуваат дека ѓумбирот значително го намалува гадењето и повраќањето (Hu et al., 2011; Bodagh et al., 2018; Nocerino et al., 2021), особено гадење и повраќање при патување (Schmid et al, 1994)  или за време на бременост.

Интересни податоци за ѓумбирот

  • Ѓумбир (Zingiber officinale) е повеќегодишно растение кое може да достигне висина и до 1 м. Неговиот корен може да достигне големина до 20 см.

  • Потекнува од Кина и Индија – земји кои држат една половина од вкупното светско производство на ѓумбир.

  • Латинското име е  Zingiber – што значи „облик на рог“, каков што е изгледот на коренот.

  • За благотворното дејство на ѓумбирот доста имаат пишувано Конфучиј, познат кинески филозоф и учител, и познатиот грчки ботаничар Педаниус Диоскоридес кој во својата енциклопедија “De materia medica”, во пет тома дава детално објаснување за лековитите билки.

  • Во 13 и 14 век во Англија една фунта (1lb=0,45kg) ѓумбир имала иста вредност колку една овца.

  • Старите Грци после секој оброк јаделе леб со ѓумбир за да им помогне во варење на храната. Така настанал денес популарниот “gingerbread”.

  • Танчерките од Хаваи традиционално носат цветови ѓумбир околу вратот.

Производи од растително потекло

Луѓето уште во минатото, во природата пронаоѓале храна и барале растенија кои ќе им ублажат различни здравствени тегоби. Традиционалната кинеска медицина и индијската Ајурведа се насочени кон фитотерапијата. Во денешно време луѓето со задоволство поминуваат слободно време во природа и се’ почесто бараат природно решение за нивните секојдневни тегоби.