Дали страдате од надуеност во стомакот? Ние ќе ви дадеме неколку совети како да се ослободите од надуеноста.

Дали се чувствувате како балон? Дали се чувствувате тешко и имате надуен стомак?

Причината може да биде промена во исхраната, прејадување или јадење нездрава храна во поголема количина од вообичаено.

Чувството на надуеност во стомакот е предизвикано од акумулација на гасови во цревата

Ова непријатно чувство може да го има секој од нас, се јавува поради акумулација на прекумерна содржина на гасови во цревата. Гасовите делумно се елиминираат од организмот, а некои се абсорбираат преку цревата. Надуеноста значи дека во цревата се создава голема количина на гасови која не се елиминира или ресорбира природно. Надуеноста може да биде придружена и со чувство на тежина во стомакот, тврд стомак или болни грчеви кои се јавуваат како резултат на акумулација на гасовите во цревата.

Поради хормонални флуктации, жените повеќе се склони кон овие проблеми, особено во периодот пред менструација, бременост или менопауза.

Празничната трпеза изобилува со висококалорична храна која може да предизвика непријатност во стомакот

Покрај нездравиот начин на живот или некоја болест, висококалоричната храна може да предизвика зголемено производство на гасови во цревата. Влакната и скробот кои не биле абсорбирани во тенкото црево се разградуваат во дебелото црево од присутните бактерии, создавајќи гасови. Вараењето дополнително може да биде отежнато од дополнителен внес на масти, фруктоза, јаглени хидрати или лактоза.

Божиќното мени може да биде причина за надуениот стомак, вознемирен стомак и надуеност. Најлошото нешто што можете да го направите за време на Божиќните празници е да јадете колачиња по цел ден, да јадете тешко главно јадење навечер, да имате десерт и консумирате поголема количина на овошен сок или алкохол. Ако го повторувате ова неколку дена по ред, може да предизвикате потешки стомачни проблеми. Меѓутоа, мени со висококалорична храна може да сретнете и за време на вашиот одмор, особено ако станува збор за аранжман со неограничено консумирање на храна и пријалоци, каде што тешко е да одолеете на сите предложени деликатеси. Како да избегнете нелагодност во стомакот за време на одмор, прочитајте ја нашата статија.

Како се борите со непријатното чувство на надуен стомак?

Здравиот начин на живот, прилагодувањето на исхраната, поголем временски интервал меѓу оброците и редовното вежбање се важни. За успешно справување со надуеноста може да ви помогнат и некои додатоци на исхрана или правилно избрани билни чаеви.

Обидете се да ја контролирате вашата желба за храна и не се прејадувајте

Дали сакате да го избегнете непријатното чувство на надуеност, тежина или болни грчеви? Мудро препуштете се на разновидните деликатеси дури и за време на Божиќните празници, не јадете премногу брзо, контролирајте ја вашата желба за храна. Намирници кои предизвикуваат надуеност и не треба да се јадат во голема количина се грав, леќа, јаткасти плодови, зелка, грашок, лук, кељ, карфиол, брокула, па дури сливи, грозје, колачи и леб.

Масната, солената или зачинетата храна, благите задоволства, зрелите сирења и алкохолот се тешки за варење. Вежбањето е важно за правилно функционирање на цревата, но и прешачењето исто така допринесува доста за движењето на цревата. Половина час прошетка на свеж воздух само ќе ви користи. Не заборавајте да пиете доволно течности, најидеална е чиста, негазирана вода. Газираните пијалоци, од друга страна, можат да го зголемат чувството на надуеност.

Секогаш имајте при рака додаток на исхрана кој ја подобрува дигестијата на храната

Кога надуеноста навистина ќе се појави, добро е секогаш при рака да имате додаток на исхрана кој ja подобрува дигестијата, а последователно ќе ви овозможи да уживате во денот  без непријатност во стомакот. Може да се обидете на пример со додатокот во исхрана Antimetil, кој содржи екстракт од ѓумбир во единствена концентрација. Ѓумбирот во Antimetil ќе ви помогне да го смирите вознемирениот стомак, ќе го подобри варењето на храната и ќе ви помогне да се ослободите од чувството на нелагодност во стомакот. Билните чаеви како што се: камилица, маточина, коприва, цвет од липа или чај од нане, исто така, можат да помогнат во олеснување на симптомите на надуеност.

CZ link: https://www.antimetil.cz/magazin/nafoukle-bricho-a-jak-se-mu-vyvarovat/

KEY words:  bloated belly

META text: A bloated belly is a relatively common phenomenon that can bother any of us. Find out how to avoid this unpleasant feeling.

EWO-NMK-ANTIMETILBLOG.12.24-001