Гадење после јадење, болки во стомакот, дијареја, констипација, грчеви, повраќање или надуен стомак се непријатни симптоми со кои се среќаваме кога претеруваме со масна, тешка храна, на пример после јадење на скара за време на забава. Еве неколку начини како да се справиме со непријатното чувство кога ќе направиме грешка во исхраната и нема враќање назад.

Не ги потценувајте гадењето и стомачната болка, особено ако подолготрајно ги имате.

Секогаш е потребно да се направи разлика дали станува збор за акутен проблем предизвикан од неправилна исхрана или симптомите ве вознемируваат подолго време, после секој оброк или независно од оброкот.

Доколку имате долгорочни проблеми, потребно е да го контактирате вашиот лекар и да ја откриете причината. Причината може да биде стрес, лекови, алкохол или нетолеранција на храна, но исто така може да бидат и посериозни болести како синдром на иритабилно црево, стомачни улкуси, гастритис, Кронова болест и други.

Гадење после јадење: Што го предизвикува и кога најчесто го среќаваме?

Гадењето и стомачните болки кои се предизвикани од направена грешка во исхраната и најчесто се предизвикани од прејадување, несоодветна комбинација на храна, јадење на премногу масна или зачинета храна, па дури и расипана храна. Гадење може да се појави при нередовна исхрана како и при често јадење во текот на ноќта.

Вознемирениот стомак може да биде вистинска непријатност.

Вие го знаете тоа. Поканети сте на забава или скара каде што има многу добра храна и сакате да пробате се. Лесно може да се случи да си отидете дома со вознемирен стомак и да ве чека напорна ноќ. Најчестите симптоми на вознемирен стомак вклучуваат гадење, подригнување, повраќање, дијареја или констипација, надуеност и грчеви.

Помошта од природата е секогаш при рака

Кога се појавуваат проблеми поврзани со вознемирен стомак, постои еден одличен помошник, а тоа е ѓумбирот. Сепак, соодветната доза е клучна за добар ефект. Antimetil®, природен додаток во исхраната на база на ѓумбир, содржи оптимална количина на активни компоненти кои помагаат да се смири вознемирениот стомак.

Совет: Прочитајте како Antimetil® може да ви помогне при стомачни проблеми.

Друго што може да ви помогне е чај од нане или камилица кои се идеални за подготовка на чај. Се разбира, неопходна е соодветна исхрана и доволен внес на течности.

Акутното гадење предизвикано од направена грешка во исхраната треба да помине за неколку часа. Ако вашата состојба не се подобри за два дена, најдобро е да го консултирате Вашиот лекар.

Како да го спречите стомачниот дискомфорт предизвикан од направена грешка во исхраната?

Ако сакате да ја напуштите забавата без грчеви во стомакот

  • Ако е сервирана зачинета и мрсна храна, не претерувајте.
  • Бидете внимателни со определни видови на суров зеленчук, како кромид или рен, кои тешко се варат.
  • Не се прејадувајте!
  • Внимавајте со количината на алкохол која ја консумирате, тоа ја зголемува киселоста во стомакот.
  • Пиењето на газирани пијалоци не е добро за стомакот.

Со воведување на здрави навики во исхраната и вклучување на природни лекови кога е потребно, можете заначително да го намалите ризикот од гадење по оброците. Запомнете, доколку го слушате вашето тело и поставите граница за определена храна тогаш собирите со вашите пријатели и секојдневните семејни оброци ќе бидат попријатни. Ако се појават постојани проблеми, не се колебајте да побарате медицинска помош.