Ѓумбирот е зачин кој традиционално се користи против гадење, повраќање и варење на храна. Екстрактите од ѓумбир го забрзуваат празнењето на желудникот и ги стимулираат гастричните контракции. Овие ефекти се должат на присуството на гингероли и шогаоли.

Ризомите на zingiber officinale, попознат како ѓумбир се важен кујнски зачин, а исто така поседуваат огромен број на здравствени придобивки. Ризомите се користат уште од античко време во различни традиционални медицински системи за лекување на артритис, ревматизам, исчашување, мускулни болки, болки во грло, грчеви, хипертензија, деменција, треска, заразни болести, нервни заболувања, гингивитис, забоболка, астма, мозочен удар и дијабетес.

Ѓумбирот, исто така може да помогне при разни гастрични заболувања како што се констипација, диспепсија, подригнување, надуеност, гастритис, епигастрична непријатност, гастрични улцерации, дигестија на храна, гадење и повраќање. Ѓумбирот е  ефикасен и за спречување на гастрични улкуси предизвикани од нестероидни антиинфламаторни лекови, резерпин, етанол, стрес (хипотермично и пливање), оцетна киселина и улкус на желудник предизвикан од helicobacter pylori кај лабораториски животни.

Во фармакологијата, ѓумбирот бил пошироко истражуван во клинички студии поврзани со различни типови на гадење:

  • болест на патување
  • гадење кај бремени жени
  • пост-оперативно гадење
  • гадење после хемотерапија
  • при функционална диспепсија

Антиметил е внимателно избран, стандардизиран екстракт од ѓумбир со 10% гингероли (активна компонента) во својот состав и како таков има 10 пати поголема концентрација од традиционалниот прашок од ѓумбир. Стандардизираниот и контролиран процес на екстракција ги потврдува високиот квалитет и ефикасност.

Антиметил и болест на патување

Болеста на патување претставува проблем за многу луѓе, независно со кое превозно средство патуваат. Се јавува како последица на реакција на телото на спротивни дразби. Клиничките испитувања покажуваат дека ѓумбирот е ефективен и сигурен начин на ослободување од патувачка болест кај возрасни и деца. Подеднакво е ефикасен како хемиските антиеметици, нема несакани ефекти и не предизвикува поспаност. Најдобро е првата доза да се земе половина час пред почеток на патувањето.

Антиметил и гадење кај бремени жени

Во текот на бременоста, телото поминува низ многу промени. И покрај тоа што дигестивните мачнини се вообичаени и чести во текот на бременоста, точните причини и механизмот сé уште се неразјаснети.

Ѓумбирот е ефикасен во намалување на гадењето и повраќањето, повеќе е ефикасен од плацебо и нема штетни ефекти. Ѓумбирот е безбеден за мајката, фетусот и новороденчињата.

Антиметил може да се употреби и кај пациенти при прејадување за ослободување од чувството на тежина во стомакот. Екстрактите од ѓумбир го забрзуваат празнењето на желудникот и ги стимулираат гастричните контракции.

Антиметил исто така е ефикасен при намалување на постоперативното гадење и повраќање, како и гадење предизвикано од хемотерапија.

  • Антиметил е безбеден и ефикасен за сите типови на гадење и сите профили на пациенти вклучително и бремени жени
  • Антиметил е брзоделувачки и високо ефикасен (еднакво ефикасен како хемиските антиеметици)
  • Антиметил е без сериозни несакани реакции и не предизвикува поспаност
  • Стандардизираниот процес на екстракција обезбедува максимален квалитет
  • Антиметил е клинички докажан

ДОЗИРАЊЕ НА ТАБЛЕТИ

  • Возрасни и деца над 12 години: две таблети, еднаш до четирипати на ден
  • Деца од 3 до 5 години: една таблета, еднаш до двапати на ден
  • Деца од 6 до 11 години: една таблета, еднаш до четирипати на ден
  • Бремени жени: една таблета наутро и навечер
  • Проголтајте ја таблетата со вода

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Не го употребувајте доколку имате опструкции на жолчниот канал.

ДОЗИРАЊЕ НА ПАСТИЛИ

Деца од 4 до 11 години: една пастила еднаш до трипати на ден (максимална препорачана дневна доза 75mg.)

Возрасни над 12 години: две пастили, еднаш до трипати на ден (максимална препорачана дневна доза 150mg.)

Бремени жени: две пастили наутро и две пастили попладне (вкупно четири пастили на ден), максимална препорачана дневна доза 100mg.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Не го употребувајте доколку имате опструкции на жолчниот канал.

Giacosa A, Morazzoni P, Bombardelli E, Riva A, Bianchi Porro G, Rondanelli M. Can nausea and vomiting be treated with ginger extract? Eur Rev Med Pharmacol Sci. 2015 Apr;19(7):1291-6. PMID: 25912592.

Haniadka R, Saldanha E, Sunita V, Palatty PL, Fayad R, Baliga MS. A review of the gastroprotective effects of ginger (Zingiber officinale Roscoe). Food Funct. 2013 Jun;4(6):845-55. doi: 10.1039/c3fo30337c. Epub 2013 Apr 24. PMID: 23612703.

Др. Фанка Дјузенкова  EWO-NMK-ANTIMETIL.PR.10/24-0002